Вулканска ерупција во Јапонија предизвика највисоко ниво на тревога во понеделникот, откако властите го повикаа локалното население да се држи настрана од жариштето. Вулканот Сакураџима еруптираше фрлајќи вулкански карпи на далечина од над два километри.
Метеоролошките власти во југозападната провинција Кагошима издадоа тревога од највисокото ниво-пет, што подразбира евакуација на населението, објави јавната телевизија НХК.
Официјалните лица предупредија дека вулканот Сакураџима „станува многу активен“.
Во погодената област се забележувани големи вулкански карпи кои паѓаат на далечина од 2,5 километри по масивните ерупции од неделата навечер.
„Ерупциите продолжуваат, а уште една голема е пријавена рано наутро. Вулканскиот чад достигна висина од 2.200 метри“, додадоа метеоролошките власти.