Осуда за ескалацијата од Министерството надворешни работи на Тајван     Фото:

Кина го испрати најголем број воени авиони преку Тајванскиот теснец, како дел од големите воени вежби што се одржуваат околу Тајван како одговор на патувањето на Ненси Пелоси претседателката на Претставничкиот дом на САД, соопшти Министерството за одбрана на самоуправниот остров.

Министерството соопшти дека околу 68 кинески авиони досега ја поминале таканаречената средна линија на Тајванскиот теснец.

„Оваа опасна ескалација на воената закана ги уништува мирот и стабилноста во регионот и мора да биде осудена“, рече министерот за надворешни работи на Тајван Џошуа Ву.

Тоа е најголемиот број кинески авиони оваа година што ја преминале зоната за идентификација на воздушната одбрана (АДИЗ) која Тајван ја идентификува како свој воздушен простор.

Кина не го признава АДИЗ бидејќи Пекинг го смета Тајван за своја „отцепена провинција“.

Кинеското тешко вооружување за премин на АДИЗ вклучуваше и 13 воени бродови.

Министерство за одбрана на Тајван извести дека кинеските авиони и бродови го преминале АДИЗ околу 17 часот по локално време.

Министерството соопшти дека тајванските вооружени сили „соодветно одговориле на таквата ситуација со системи за надзор, авиони CAP (борбена воздушна патрола), поморски бродови и ракетни системи“.

„Ја осудуваме таквата акција што го наруши нашиот воздушен простор и територијални води и продолжуваме да ја обезбедуваме нашата демократија и слобода без закани“, додоа од Министерството.

До овој чекор дојде откако Кина воведе санкции за Пелоси и ја прекина воената комуникација на високо ниво со САД, покрај другите „контрамерки“.

Народноослободителната армија на Кина (ПЛА) спроведува масивни заеднички вежби, во водите и воздушните простори на северниот, југозападниот и источниот дел на Тајван, кои вклучуваат вежби со огнена стрелба и лансирање балистички ракети над Тајван во економската зона на Јапонија.

Сепак, Пекинг вели дека Јапонија и Кина сè уште не ги одредиле поморските граници.

Воените вежби се преседан каков што досега немало и се применуваат како одговор на патувањето на Пелоси на Тајван во текот на неделата.

Пелоси е првата претседателка на Претставничкиот дом на САД кој го посетила Тајван во последните 25 години.

Таа ја предводеше делегацијата на американски пратеници што го започнаа своето патување од Сингапур во понеделникот, по што следеше Малезија од каде што отпатува за Тајван, што предизвика гневен одговор од Пекинг.

Таа го напушти Тајван во средата навечер за Јужна Кореја и конечно слета во Токио во четвртокот вечерта за да ја заврши својата посета во петок.

Тајван не беше наведен во агендата на официјалната турнеја на Пелоси.

AA
Популарни