ЕУ ги поддржува двете земји за интеграција со Западот наспроти руското влијание / Photo: Reuters

Европската унија денеска ќе ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија. Проценките се дека што се однесува до Украина почетокот на преговорите е повеќе симболичен отколку суштински. На тој начин ЕУ ја изразува поддршката за Украина во одбрана од руската инвазија.

Со започнувањето на преговорите со Украина и Молдавија ЕУ сака да покаже дека двете земји имаат за цел интеграција со Западот, а не да бидат под руско влијание.

Суштинските преговори треба да започнат по проценката од ЕУ на актуелната состојба со законодавството и реформите во двете земји.

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен им го честиташе почетокот на преговорите на Украина и Молдавија.

"Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори. Ова е многу добра вест за народот на Украина, Молдавија и целата Европска унија. Патот пред нас ќе биде тежок, но полн со можности", напиша таа на X.

Церемонијата на отварањето на преговорите ќе се случи во Луксембург.


TRT Balkan / агенции
Популарни