ЕУ ги повикa земјите членки на солидарност за природниот гас     Фото: АА

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, истакна дека сите земји членки на ЕУ треба да покажат солидарност во случај на можна криза со природен гас оваа зима.

Фон дер Лајен за германската новинска агенција ДПА даде изјава за планот што го подготвиле во случај да прекине протокот на природен гас од Русија.

Укажувајќи на важноста земјите што не се зависни од рускиот гас да им помагаат на земјите што се зависни во случај на криза, Фон дер Лајен рече дека е важно земјите членки да покажат солидарност во однос на природниот гас.

Фон дер Лајен, меѓу другото, соопшти дека евентуалниот прекин на снабдувањето со природен гас на домашниот пазар на ЕУ ќе влијае и на земјите членки кои не купуваат руски гас.

Нагласувајќи дека економиите на земјите членки се силно поврзани една со друга, Фон дер Лајен додаде дека гасната криза во земја како Германија негативно ќе влијае на другите земји.

„Важно е сите земји членки да ја намалат побарувачката на гас, да складираат повеќе и да споделуваат со членките кои се повеќе засегнати“, рече Фон дер Лајен.

Европската комисија минатата недела го соопшти својот предлог-план за вонредни состојби во случај да прекине протокот на природен гас од Русија.

Во планот, од земјите членки е побарано да ја намалат побарувачката на гас за 15 отсто помеѓу 1 август 2022 и 31 март 2023 година. Исто така, во планот е вклучено задолжително намалување од 15 проценти во случај на итност. Но, на тој план особено се противат земјите од југот на Европа.

Од друга страна, министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ утре ќе се сретнат во Брисел за да разговараат за планот.

AA
Популарни