Фон дер Лејен рече дека „иднината на Украина започнува со децата во училиштата“.

Шефицата на Комисијата на ЕУ во средата изјави дека Европската Унија (ЕУ) ќе обезбеди 100 милиони евра за обнова на училиштата оштетени во Украина поради тековната војна со Русија.

Урсула Фон дер Лајен во говорот за состојбата на ЕУ ги истакна главните линии на дејствување во претстојната година на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, Франција.

Таа увери дека солидарноста на Европа со Украина ќе остане „непоколеблива“, ветувајќи дека блокот ќе ги задржи санкциите против Русија и финансиската поддршка за Украина.

Фон дер Лајен рече дека финансирањето е насочено кон Киев „бидејќи иднината на Украина започнува со децата во училиштата“.

Таа, исто така, вети дека Украина може да се приклучи на зоната за слободен роаминг на ЕУ, обезбедувајќи намалени тарифи за мобилни телефони и податоци.

Според неа, рускиот претседател Владимир Путин нема да успее, а Украина и Европа ќе надвладеат.

Осврнувајќи се на енергетската криза во Европа поради Русија која се заканува да го прекине снабдувањето со гас, таа рече дека на милиони Европејци им е потребна поддршка за да ги платат сметките за енергија.

„Некои компании произведуваат електрична енергија по ниска цена и наплатуваат големи маржи. Предлагаме ограничување на нивните приходи со што ќе се соберат повеќе од 140 милијарди евра. И длабоко ќе го реформираме нашиот пазар на електрична енергија“, рече таа.

Како почесен гостин на Фон дер Лајен, на настанот учествуваше првата дама на Украина, Олена Зеланска.

AA
Популарни