Јапонија нареди над девет милиони луѓе да се евакуираат откако тајфунот Нанмадол го погоди југозападниот дел на земјата, објавија во понеделникот државните медиуми.
Околу 43 лица се повредени, а на милиони им беше наредено да се евакуираат бидејќи силните ветрови го погодија југот на земјата.
Јапонскиот јавен сервис НХК во понеделникот објави дека тајфунот оставил околу 300.000 домаќинства без електрична енергија.
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување од ниво 5, највисоко на јапонската скала за предупредување за катастрофи, против тајфунот што ги погоди регионите Кјушу, Чугоку и Шикоку.
Најпогодени се јужните провинции, вклучувајќи ги Кагошима, Мијазаки, Оита, Кумамото и Јамагучи.
Постојат стравувања дека „многу силниот тајфун би можел да предизвика такви катастрофи што се гледаат само еднаш во неколку децении“.
Летовите се во прекин на аеродромите низ земјата од неделата.
Јапонската железничка група, исто така, соопшти дека се очекува да бидат погодени и линиите на возовите во недела и понеделник.