Пожарите продолжуваат на подрачјето на патниот правец Москито до басенот Оксбоу во градот Пласер во северна Калифорнија         Фото: Ројтерс

Над 11.000 луѓе се евакуирани поради шумските пожари што започнаа на 6 септември во близина на градовите Пласер и Ел Дорадо во американската сојузна држава Калифорнија. Во големите пожари изгореа повеќе од 16.500 хектари шума.

Пожарите продолжуваат на патниот правец Москито до басенот Оксбоу во градот Пласер во северна Калифорнија. Во пожарот, кој зафати многу населени места во градот Пласер и Ел Дорадо, изгореа над 16.500 хектари шума.

Од огнената стихија зафатени се речиси 6.000 објекти, а повеќе од 11.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Агенцијата за шумски пожари на Калифорнија соопшти дека само 10 отсто од пожарот е ставен под контрола. Се наведува дека пожарот ќе се прошири и ќе ги зафати другите градови во регионот.

Илјадници жители кои се евакуирани од опожарената област престојуваат во колеџот „Сиера“ во Сакраменто.

Дерик Џонс, еден од локалните жители евакуиран во колеџот „Сиера“ во изјавата за АА изрази голема загриженост:

„Многу сме загрижени. Не знаеме дали ќе можеме да се вратиме во своите домови. Велат дека до сега пет проценти од пожарот е ставен под контрола. Велат дека пожарот се проширил од Форестхил до Шугарпајн и центарот, и дека наскоро ќе го зафати нашиот град. Но, има само 85 пожарникари да го спасат градот“, рече Џонс.

Тој додаде дека најверојатно нема да можат да се вратат во своите домови 30 до 45 дена. Луѓето околу него му дале душек, вода и други намирници, а соседот му го дал неговиот автомобил.

Доналд Гарнер, исто така локален жител, наведе дека 14 години живее во тоа место и никогаш претходно не видел катастрофа од толкави размери.

Посочувајќи дека им било кажано дека ќе останат во колеџот „Сиера“ до средината на октомври, Гарнер рече дека се моли пожарот да биде ставен под контрола наскоро.

AA
Популарни