Бројот на шумски пожари кои избија во земјите на Европската унија (ЕУ) од почетокот на оваа година речиси за четири пати е поголем од просекот во последните 15 години.
Според вестите на Си-Ен-Ен (CNN), повикувајќи се на податоци на програмата за набљудување „Коперникус“ од почетокот на годината до 23 јули во земјите на ЕУ се случија 1.926 шумски пожари.
Просечниот број на пожари за истиот перид, а во кој се опфатени податоци од 2006 до 2021 година беа 520. Додека рекордниот топлотен бран продолжи во Европа, илјадници хектари површини се претворени во пепел поради шумски пожари во Шпанија, Италија, Португалија, Грција, Франција и Германија.
Германските функционери рекоа дека пожарите воглавно се под контрола, а 480 пожарникари продолжуваат да се борат со пламенот во Бранденбург на североистокот и Саксонија на истокот.
Според податоците на Британската метеоролошка служба (Met Office), земјата која е надвор од ЕУ, доживеа најсушен јули од 1911 година, со само 24 отсто од очекуваните просечни врнежи.