Европски суд на правдата: Гугл мора да ги отстрани лажните информации / Photo: AA

Највисокиот европски суд соопшти дека Гугл (Google) мора да ги отстрани сите податоци за кои корисниците ќе докажат дека се лажни.

„Операторот на пребарувачот мора да изврши дереференцирање на информациите кои се наоѓаат во референтната содржина кога лицето кое бара отстранување ќе докаже дека тие информации се очигледно неточни“, пресуди Европскиот суд на правдата.

Во пресудата судот наведува дека за доказите за отстранување на содржината не е потребен судски налог.

„Судот истакнува дека правото на заштита на личните податоци не е апсолутно право, туку мора да се разгледува во однос на неговата функција во општеството и да биде избалансирано во однос на другите основни права, во согласност со принципот на пропорционалност“, се додава.

Пресудата се однесуваше на случај во кој двајца менаџери на група инвестициски фирми побараа од „Гугл“ да ги отстрани резултатите од пребарувањето врз основа на нивните имиња кои се поврзани со написи кои го критикуваат инвестицискиот модел на групата.

Двајцата тврдат дека написите содржат неточни тврдења и побарале од пребарувачот да ги отстрани нивните фотографии.

„Гугл“ сепак го одби барањето бидејќи не знаел дали информациите содржани во тие написи се точни или не.

TRT Balkan / агенции
Популарни