Фон дер Лајен: ЕУ ја намали побарувачката на руските енергенти за над 20 % / Photo: Reuters

Европската Унија (ЕУ) ја намали побарувачката на енергенси од Русија за повеќе од 20 отсто во периодот август - ноември минатата година, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Светскиот економски форум во Давос.

Во нејзиното специјално обраќање на форумот, Фон дер Лајен рече дека реакцијата на Европа на тековната војна меѓу Москва и Киев е последниот пример за тоа како ЕУ „се здружи кога е најважно“.

Поздравувајќи ја храброста на Украина откако Русија ја војната минатиот февруари, таа рече: „Нема да има неказнивост за овие руски злосторства. Ние сме во тоа онолку долго колку што е потребно и стоиме покрај нашите украински пријатели.“

Фон дер Лајен истакна дека пред една година, Европа имала огромна зависност од руските фосилни горива којашто ја градела со децении, што го прави Блокот ранлив на помало снабдување и зголемување на цените.

„Европа ја надмина оваа опасна зависност. Заменивме 80 отсто од рускиот гасовод. Паралелно, ги наполнивме нашите складишта. Се разбира, ја намаливме нашата побарувачка за повеќе од 20 отсто во периодот од август до ноември (2022 година)“, објасни таа.

Претседателката на ЕК, исто така, рече дека благодарение на колективните напори, Европската Унија ги намалила цените на гасот побрзо од очекуваното.

„Од својот врв во август, кога беше 350 евра за мегават час, сега е намален за 80 отсто до овој месец, под нивото од пред војната во Украина“, објасни таа.

Нов Закон за нето нулта индустрија

Во врска со напорите на ЕУ за развој на чиста енергија, Фон дер Лајен рече дека Законот за нето нулта индустрија ќе идентификува јасни цели за европската чиста технологија до 2030 година, што ќе оди рака под рака со Законот за критични суровини.

„Сакаме да достигнеме нето нулта за помалку од три децении. Мораме да достигнеме нето нулта, но патот до нето нулта значи развој и користење на цела низа нови чисти технологии низ нашата економија, во транспортот, во зградите, во производството, во енергија“, рече таа.

Истакнувајќи дека чистата технологија сега е најбрзо растечкиот инвестициски сектор во Европа, удвојувајќи ја неговата вредност само меѓу 2020 и 2021 година, таа рече дека ЕУ, заедно со САД, пласираат речиси 1 билион евра за да ја забрзаат економијата на чиста енергија.

„Ова има потенцијал масовно да го поттикне патот кон климатската неутралност, но не е тајна дека одредени елементи од Законот за намалување на инфлацијата во САД подигнаа голем број загрижености во однос на некои од целните стимулации за компаниите“, рече таа.

„Ова е причината зошто работевме со нашите пријатели од САД за да најдеме решенија, така што вие компаниите за електрични автомобили произведени во ЕУ исто така може да имате корист од законот.“

„Нашата цел треба да биде да избегнеме пречки во трансатлантската трговија и инвестиции“, додаде Фон дер Лајен.

TRT Balkan / агенции
Популарни