Германија: Климатските активисти повторно го блокираат сообраќајот во Келн

Германија: Климатските активисти повторно го блокираат сообраќајот во Келн

Неколку активисти блокираа уште една важна сообраќајна точка во Келн.
Климатските активисти повторно го блокираат сообраќајот во Келн / Photo: Reuters

Климатските активисти „Последна генерација“ утрово повторно ја парализираа централната сообраќајница во центарот на Келн, Германија. Сообраќајницата беше блокирана околу 9:30 часот во близина на Бахмер Штрасе.

Според полициските наводи, четворица активисти беа залепени на асфалтот, на што одредени возачи реагираа бурно.

Нешто подоцна, со помош на масло за јадење, германските полицајци почнаа да ги „одлепуваат“ активистите од улица и околу 11 часот успеаа во тоа.

Иако протестот поминуваше мирно, немил настан забележан е околу 10 часот, кога, како што се наведува, налутен возач вербално нападнал новинар бидејќи го снимал.

Германија: Климатските активисти повторно го блокираат сообраќајот во Келн Reuters

Ова не е првпат активистите на „Последна генерација“ да протестираат на ваков начин.

Неодамна, помеѓу останатото, водеа „кампањи на лепење“ на аеродроми и организираа масовни протести против површинската експлоатација на јаглерод во Луцерат во Северна Рајна-Вестфалија, наведоа германските медиуми.

TRT Balkan / агенции
Популарни