Германија: Поради штрајк откажани летовите од аеродромот Берлин-Бранденбург

Германија: Поради штрајк откажани летовите од аеродромот Берлин-Бранденбург

Штрајкот започна во 3:30 часот рано утрото по локално време и треба да продолжи до полноќ
Германија: Поради штрајк откажани летовите од аеродромот Берлин-Бранденбург / Photo: AA Archive

Германскиот аеродром Берлин-Бранденбург денес откажа околу 300 летови поради целодневниот штрајк на безбедносниот персонал како резултат на спорот околу платите и работните услови.

Штрајкот започна во 3:30 часот рано утрото по локално време и треба да продолжи до полноќ, соопшти синдикатот „ver.di“.

„Поради најавениот предупредувачки штрајк на контролите за воздухопловна безбедност, денеска не се можни полетувања“, се вели во соопштението на аеродромскиот оператор.

„Летовите што пристигнуваат исто така може да бидат погодени од откажувањата и може да се случат промени во распоредот на летови поради предупредувачкиот штрајк“, се додава од синдикатот.

На патниците им се советува да ја контактираат нивната авиокомпанија или туристички агент за повеќе информации околу пререзервирање и алтернативни опции за патување.

Синдикатот, кој одржа неколку штрајкови минатата недела на другите големи аеродроми, бара зголемување на платата за прекувремена работа и доплата за ангажираноста за време на викендите, државните празници и за време на ноќните смени.

На последната рунда преговори меѓу синдикатот и Федералната асоцијација на компании за воздухопловна безбедност (BDLS) на почетокот на месецот не се успеа да се постигне никаков значаен прогрес.

Се очекуваат нова рунда преговори на 27 и 28 април.


TRT Balkan / агенции
Популарни