Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, сака да го смени шефот на Федералната канцеларија за информациска безбедност (БСИ), Арне Шоенбом, објавија локалните медиуми повикувајќи се на извори блиски до министерката. 

„Се истражува како може да се постигне брза промена на претседателот. Закажаната заедничка прес-конференција на Фезер и Шоенбом за в четврток ќе биде откажана“, објави весникот „Билд“, цитирајќи извори од Министерството.

Претходно, националната ЗДФ објави информации за поврзаност на претседателот на Федералната канцеларија за информациска безбедност (БСИ) со сомнителната асоцијација „Cyber-Sicherheitsrat Deutschland e. V.“, здружение кое наводно има контакти со руските тајни служби.

Шоенбом е основачки претседател на асоцијацијата сè до 2016 година. Безбедносните кругови од Берлин многу сериозно гледаат на овој случај. Безбедносните служби сега ќе го „превртат секој камен“ во однос на активностите, објави весникот „Билд“.

Тие, исто така, ќе истражуваат кои компании купиле софтвер од рускиот провајдер Протелион (претходно Инфотекс).

Протелион го искористил своето членство во асоцијацијата „Совет за кибербезбедност - Германија“ за дистрибуција на потенцијално небезбедниот софтвер.

AA
Популарни