Германската економија влезе во рецесија / Photo: AA Archive

Економијата на Германија влезе во рецесија во првиот квартал од 2023 година, покажуваат официјалните статистички податоци.

Економијата е погодена од висока инфлација, помала потрошувачка на домаќинствата и намалена државна потрошувачка.

Во првите три месеци од 2023 година, германскиот бруто-домашен производ (БДП) се намали за 0,3 отсто, покажуваат статистичките податоци на државната агенција Дестатис. Ова е намалување на првичната проекција за раст од нула проценти.

Ова е втор последователен квартал со негативен раст на германската економија, по падот за 0,5 отсто во последните три месеци.

Според официјалните податоци инфлацијата во месец април во Германија изнесуваше 7,2 отсто.

„Континуираното зголемување на цените и натаму е товар за германската економија на почетокот на годината“, објави Дестатис.

Најголемата европска економија последен пат се соочи со рецесија за време на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) на почетокот на 2020 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни