Глобалното затоплување веројатно ќе има негативно влијание врз снабдувањето со храна во светот, предупреди Ален-Ричард Донвахи, претседател на Конференцијата на Обединетите нации за опустинување.
Според него, недостигот на вода стана закана за земјоделството побрзо од очекуваното.
Светот веројатно ќе се соочи со големо преметување во снабдувањето со храна многу порано пред температурите да пораснат за најавените 1,5 степени, предупреди Донвахи.
Тој истакна дека влијанијата на климатската криза се комбинираат со недостатокот на вода и лошите земјоделски пракси што глобално го загрозува аграрот.
Ефекти на сушата
Донвахи, поранешниот министер за одбрана на Брегот на Слоновата Коска кој го предводеше минатогодишниот самит на Обединетите нации за дезертификација, рече дека ефектите од сушата се развиваат побрзо отколку што се очекуваше.
„Климатските промени се пандемија со која мора брзо да се бориме. Погледнете колку брзо оди деградацијата на климата - мислам дека оди уште побрзо отколку што предвидовме“, рече тој.
Проблемите со порастот на температурите, топлотните бранови и поинтензивните суши и поплави ја загрозуваат безбедноста на храната во многу региони во светот, предупреди Донвахи.