Пристигнати се околу 1.000 пријави за штети на згради / Фото: Reuters

Силнто невреме остави илјадници луѓе во Австралија без електрична енергија, додека евакуацијата продолжува поради заканата од поплави. Повеќе од 158.000 домаќинства и бизниси останаа без струја.

Силни ветрови и обилни врнежи зафатија делови од Тасманија и Викторија во југоисточните делови на земјата.

Најмалку една жена е прогласена за мртва откако дрво удри во кабина во Моама, на државната граница меѓу Нов Јужен Велс и Викторија, објави телевизијата Ес-Би-Ес.

Пристигнати се околу 1.000 пријави за штети на згради, како и паднати дрвја, кои ги блокираат патиштата.

Во делови од Мелбурн исто така паѓаше и град.

„Тоа беше апсолутно ужасен ветер и дожд“, рече Крис Килби, фармер во северна Тасманија, чиј покрив делумно беше уништен.

Исто така, некои училишта се затворени бидејќи реките ги пробиле насипите.

AA
Популарни