Околу 19.000 лица се евакуирани од грчкиот остров Родос откако шумските пожари продолжуваат веќе шести ден, соопштија властите.
Министерството за климатски промени и цивилна одбрана соопшти дека 16.000 луѓе биле раселени по копно и 3.000 по море во досега најголемата евакуација од пожари.
Тие се евакуирани од 12 села и неколку хотели, нема информации за жртви, а шест лица се хоспитализирани со проблеми со дишењето.
Околу 260 пожарникари и 49 противпожарни возила излегоа на терен да го гаснат пожарот, а им помагаат пет хеликоптери и десет авиони.
Во гаснењето на пожарите учествуваат и стотици волонтери.
Министерството додаде дека на островот работат и 31 пожарникар со четири мотори од Словачка, два авиона од Туркије и Франција и еден од Хрватска.
Во меѓувреме, најголемиот европски оператор за одмор ТУИ Груп ги откажа летовите и резервациите за одмор на грчкиот остров до вторник.
Снимките споделени на социјалните мрежи покажаа многу туристички групи што чекаат да бидат контактирани од нивните авиокомпании или туристички оператори за да се вратат во своите земји.
Грчкото Министерство за надворешни работи на Твитер соопшти дека ќе формира пулт за помош на меѓународниот аеродром Родос за да го олесни заминувањето на посетителите во соработка со соодветните амбасади.