Повозрасните лица во Грција, особено оние со ниски примања, погодени се со енергетската криза во Европа.     Фото: АА

Илјадници пензионери протестираа низ центарот на главниот грчки град Атина, барајќи, помеѓу останатото, зголемување на пензиите.

Повозрасните лица во Грција, особено оние со ниски примања, погодени се со енергетската криза во Европа.

„Полека не убиваат со поскапувањата, не можеме да плаќаме сметки, ниту да купуваме основни работи“, рече Петрос Кувуклис (78).

Демонстрантите се движеа кон парламентот носејќи транспаренти со повици за зголемување на платите и пензиите и намалување на цените на основните животни намирници.

Еден пензионер рече дека цените на струјата и горивата се толку високи да не планира да ги користи оваа зима.

„Како да користам грење ако за тоа ќе мора да дадам цела пензија?“, рече Јоргос Пападогинакис (76) чија пензија изнесува 780 евра.

Пензионерите ги повикаа властите веднаш да вработат лекари и медицински сестри и да отворат здравствени установи.

Како и многумина европски земји, Грција во последните месеци значително е погодена со енергетската криза. Војната во Русија и Украина создаде хаос не само во геополитичка смисла туку и во секојдневниот живот на жителите ширум Европа.

Грците се соочуваат со бројни предизвици, меѓу кои се поскапувањето на електричната енергија, горивата и основните намирници. Владата понуди помош во плаќање сметки за струја и ваучери за гориво.

AA
Популарни