Мицотакис и Мелони потврдија дека интегрираната европска миграциска политика бара чување на границите, како и потреба од сузбивање на мрежите на шверцерите / Photo: AFP

Грција во четвртокот повтори дека парите инвестирани во трошоците за одбрана не треба да бидат дел од пресметката на дефицитот на Европската унија.

За време на работната вечера во Атина со италијанскиот премиер Џорџија Мелони, премиерот Киријакос Мицотакис рече дека трошоците за одбрана треба да бидат исклучени од пресметката на ЕУ за дефицитите за нејзините земји-членки, се вели во соопштението на Кабинетот на грчкиот премиер.

На средбата двајцата премиери разговараа и за проширување на билатералните односи, особено во делот на економијата, со посебен акцент на соработката во енергетската област.

Во однос на взаемните интереси и заедничките предизвици, Мицотакис и Мелони потврдија дека интегрираната европска миграциска политика бара чување на границите, како и потреба од сузбивање на мрежите на шверцерите и спречување на заминувања од трети земји, се додава.

Тие се договорија и за свикување на Врховниот совет на грчко-италијанската соработка во првата половина на 2024 година во Италија.

Популарни