Хамас покажа голема флексибилност во преговорите, но проблемот секогаш бил Нетанјаху, кој избегнува да постигне договор, рече Абу Зухри / Photo: AA

Официјален претставник на Хамас, Сами Абу Зухри денеска изјави дека Хамас „целосно го почитува“ правото на Либан да постигне договор за прекин на огнот и изрази надеж дека договорот ќе го отвори патот за крај на војната во Газа.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, кој стапи на сила утринава, беше постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави и Франција, а аналитичарите го гледаат како ретка дипломатска победа во регионот погоден од двегодишни војни.

Абу Зухри посочи дека Хамас го поддржува правото на Либан и Хезболах да постигнат договор, но додаде дека се надева оти договорот ќе ја отвори вратата за постигнување сличен во Газа, каде Хамас се бори против израелските сили.

Тој го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи го дека е одговорен за неуспехот да се постигне прекин на огнот во Газа.

„Хамас покажа голема флексибилност во преговорите и останува посветен на таа цел, но проблемот секогаш бил Нетанјаху, кој избегнувада постигне договор“, рече Абу Зухри.

Преговорите за прекин на огнот во Газа траат со месеци, а сегашните посредници како Катар најавија прекин на нивните напори додека страните не бидат подготвени за компромис.

AA
Популарни