Бомбашот претходно активирал уште една експлозивна нанправа на паркингот на 300 метри од Судот / Photo: Reuters

Бразилската полиција го идентификуваше мажот кој вчера изврши самоубиство активирајќи бомба пред зградата на Врховен суд во главниот град Бразилија.

Според полицискиот извештај, човекот бил идентификуван како Франциско Вандерли (59), кој претходно ги загубил изборите за градскиот совет на Рио до Сул во 2020 година како член на Партијата на слободата, на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

Луиз наводно фрлил екплозивна направа кон судницата, која не експлодирала, а потоа легнал врз друга бомбата и ја активирал во очигледен обид за самоубиство, соопшти полицијата.

Претходно Вандерли активирал уште една експлозивна направа на паркингот на 300 метри од Судот.

За време на експлозиите, Врховниот суд беше на пленарна седница, но судиите беа евакуирани, додека претседателот Луис Инасио Лула да Силва ја напушти претседателската палата само еден час пред експлозиите.

Бразилскиот судија Александар де Мораес изјави дека осомничениот се обидувал да влезе во Врховниот суд за да ја разнесе зградата во воздух.

Тој рече дека токму омразата насочена кон највисокиот суд се појавила за време на претходната влада на „тврдокорниот десничарски претседател Жаир Болсонаро“.

Како што беше претходно наведено, во куќата што ја користел осомничениот биле пронајдени повеќе експлозиви, соопшти денеска Федералниот округ Бразилија.

Експлозијата предизвика сериозна загриженост за безбедноста само неколку дена пред самитот на Г20 во Рио де Жанеиро и пристигнувањето на кинескиот претседател Кси Џинпинг во Бразил.

TRT Balkan / агенции
Популарни