Кинеската метеоролошка управа го зголеми нивото на тревога поради тајфунот Муифа.             Фото: Ројтерс

Илјадници луѓе се преселени на побезбедни места, а голем број летови беа откажани бидејќи еден од најсилните тајфуни се очекува да ја погоди источна Кина.

Кинеската метеоролошка управа (CMA) во средата го зголеми нивото на тревога поради тајфунот Муифа.

„Во оваа вонредна состојба, потребно е релевантните метеоролошки одделенија и провинциските метеоролошки одделенија како Жеџијанг, Шангај, Џиангсу и Шандонг (региони) веднаш да влезат во вонредна состојба“, се вели во соопштението на CMA.

Се очекува тајфунот денеска да ја погоди провинцијата Жеџијанг.

Државниот кинески дневен весник Глобал тајмс објави дека околу 720.000 луѓе биле преместени во источната кинеска провинција Жеџијанг додека тајфунот Муифа се приближил до средните и северните крајбрежни области на регионот.

Властите во неколку источни провинции и пристанишни градови целосно ги мобилизираа своите ресурси и презедоа мерки за вонредна состојба, вклучително и затворање на пристаништето, водните патишта и железничките линии. Затворени се и некои училишта.

Во Шангај, околу 50% од летовите, вкупно 589, на два од неговите аеродроми беа откажани во средата поради тајфунот што се приближува.

AA
Популарни