Со покачувањето на цените на енергијата во Германија многу луѓе се принудени да го преиспитаат својот животен стил.
Годинава се појави нов тренд - за да се избегнат високите трошоци за енергија за готвење и греење, многумина се одлучуваат за финансиски поразумна опција - да заминат на долг зимски одмор.
Германските туристички компании му излегоа во пресрет на јавното расположение и почнаа да нудат подолги престои во јужноевропските и во земјите од северна Африка по пристапни цени.
Аге Данхаупт, директорот за комуникации во ТУИ (TUI), една од водечките туристички компании во светот, изјави дека ваквите долги одмори станаа нов тренд.
„Ние навистина видовме тренд, луѓето сакаат да одат на долги одмори, на долг одмор во зимската сезона, тоа е актуелниот тренд”, рече тој.
„Дебатата во Германија е многу силна. Можната причина за тоа е цената на гасот и цената на електричната енергија. Кога сте на сонце, секако, не ви треба енергија во толкави големи количини, и во Германија, дома, цените нема да влијаат на вас.“
Дестинациите како Туркије, Египет, Тунис или Кејп Верде нудат повеќе од 90% од ол-инклузив сместувањата и нудат значаен бенефит што веќе се гледа од почетокот на резервациите за зима.
„Туркије е веќе број еден дестинација за Германците и е многу силна дестинација во зима, па така на пример гледаме и голем сообраќај кон регионот на Анталија“, рече Данхаупт, додавајќи дека некои од патниците се пензионери, потоа оние кои го сакаат сонцето, кои сакаат да се чувствуваат подобро.
„Но, постои и еден тренд таканаречен работен одмор, со што луѓето можат да одат на плажа и да работат од таму. Можат да одат во попладневните часови, да пливаат, да јадат убава храна и тоа, секако, е предноста на Туркије. Храната е убава, и тоа е нешто што Германците го знаат и затоа одат таму“, рече тој.
Во областа Неуколин во Берлин, Ана и Пабло седат со своите глави вперени во лаптопот барајќи евтини можности и опции за долг одмор во Туркије.
Тие се многу загрижени дали ќе можат да ги платат сметките за енергија оваа зима и слушнале од пријатели за одмори со пристапни цени во странство.
Ана рече дека таа и нејзиниот партнер можат да работат од далечина и сакаат да ја поминат зимата во регионот на Анталија, Туркије.
„Она што се случува е експлозија на трошоците за живот, и дојдени сме до точка каде што не можеме да замислиме да ги платиме сметките за греење во текот на зимата, а тука станува ладно, станот е голем“, рече таа. „[Три илјади] годишно е многу, досега е 100 долари за месец, а ако го помножиме тоа со 400 отсто и повеќе, тоа е лудо.”
„Ние и двајцата работиме од дома и размислуваме да се преселиме, можеби не засекогаш туку најмалку зимава, и да одиме некаде каде што е поевтино и потопло“, рече таа.
Сметките за гас и струја многу брзо стануваат високи за обичниот граѓанин. Ана и Пабло бараат начини како да заштедат пари - да живеат во Туркије и да го изнајмат својот стан во Берлин.
„Општо кажано, трошоците за живот во Туркије се многу помали. Најдовме некои опции, имаме добри пријатели таму. Луѓето се пријатни, можеме да останеме во ресорт и да си поминеме убаво, со убаво време и на потопло“, рече Ана.