Министерството за здравство потврди дека од 1 март до 30 мај се регистрирани 56 смртни случаи од топлотен удар / Photo: Reuters

Повеќе од 50 лица загинаа во Индија во претходните три дена поради жештините, од кои повеќето во саботата, кога се одржа последната фаза од парламентарните избори.

Околу 33 лица загинаа во северната индиска сојузна држава Утар Прадеш, а околу 20 во државата Одиша, јавува Би-Би-Си.

Шефот на индиската изборна комисија Навдип Ринва рече дека семејствата на членовите на изборната комисија кои починале поради жештините ќе добијат отштета од 18.000 долари.

Парламентарните избори во Индија секогаш се одржуваат во април и мај, но годинава температурите беа рекордно високи.

Министерството за здравство потврди дека од 1 март до 30 мај се регистрирани 56 смртни случаи од топлотен удар, а во тој период биле пријавени 24.849 случаи на топлотен удар.

Температурите во северна, западна и централна Индија во изминатите две недели беа околу 45 Целзиусови степени, а на неколку места достигнаа и до 50 степени.

TRT Balkan / агенции
Популарни