Ова е прво патување на Моди во странство откако по трет пат беше реизбран за премиер / Photo: Reuters

Индискиот премиер Нарендра Моди пристигна во дводневна официјална посета на Русија.

Авионот на Моди слета на рускиот владин аеродром Внуково-2 во близина на Москва, соопшти руската државна новинска агенција ТАСС.

Ова е прво патување на Моди во странство откако по трет пат беше реизбран за премиер.

Пред посетата на Моди, Кремљ соопшти дека тој ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и дека тие „ќе се фокусираат на идниот развој на традиционално пријателските односи меѓу Русија и Индија, како и на актуелните прашања од меѓународната и регионалната агенда. "

Во меѓувреме, Моди на X рече дека по Русија ќе отпатува за Австрија.

„Овие посети ќе бидат прекрасна можност за продлабочување на врските со овие нации, со кои Индија има пријателство тестирано со време. Исто така, со нетрпение очекувам да комуницирам со индиската заедница што живее во овие земји“, рече тој.

AA
Популарни