Индонезија: Вулканот Мерапи исфрла лава и пепел / Photo: AA

Вулканот Мерапи во Индонезија исфрла лава, а од кратерот се шири чад по ерупцијата во средата вечерта кога се зголеми неговата вулканска активност.

Поради вулканската активност се формираат облаци од пепел и потоци од лава што достигнале оддалеченост од седум километри од кратерот. Вулканот се наоѓа на надморска височина од 2.968 метри.

Планината Мерапи е на околу 30 километри од центарот на градот Јогјакарта, а на 10 километри од вулканот живеат околу 250.000 луѓе.

Мерапи е најактивен меѓу повеќе од 120 вулкани низ Индонезија. Во неговата последна голема ерупција во 2010 година загинаа 347 луѓе, а 20.000 беа раселени.

Индонезија, архипелаг со популација од 270 милиони луѓе, е земја подложна на земјотреси и вулканска активност бидејќи се наоѓа по должината на „огнениот прстен“ во Тихиот Океан.

AA
Популарни