Говорот на Клер Дејли, пратеничка на ирската левица во Европскиот парламент, во кој таа ѝ се обраќа на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен како „Госпоѓа геноцид“, стана вирален на социјалните мрежи.
Говорејќи на Генералното собрание на ЕП, Дејли го критикуваше пакетот за демократија подготвен од Европската унија за невладините организации и посочи дека ЕУ стана „институција која ја презира“ демократијата, а не „бастион на демократијата“.
Потсетувајќи дека предметниот пакет е подготвен под водство на Фон дер Лајен, Дејли ја критикуваше поддршката на претседателот на ЕК за Израел велејќи:
„Оваа личност, која дојде на власт без ниту еден глас од народот и ги помина последните два месеци неутрализирајќи ја надворешната политика на избраните влади, аплаудира на бруталниот режим на апартхејдот што го нарекува „вистинска демократија“ додека уништува град на деца. До застапниците на демократија како овие, НЕ благодарам“.
Обраќајќи ѝ се на Фон дер Лејен, Дејли додаде:
„Мислам дека зборувам за многу европски граѓани кога велам „Госпоѓа геноцид“.
Овој говор на ирската европратеничка стана вирален на социјалните мрежи.
Дејли претходно го критикуваше говорот на Фон дер Лејен во име на ЕУ и нејзините земји-членки, за која таа посочи дека не била избрана на функцијата.
Фон дер Лајен, позната и како првиот министер за одбрана на Германија, беше меѓу првите лидери кои го посетија Израел по 7 октомври и во своите изјави ја најави „безусловната поддршка“ на ЕУ за Израел.