37-годишниот Сајмон Харис денеска стана најмладиот премиер на Ирска. Тој го наследи Лео Варадкар, кој неочекувано поднесе оставка минатиот месец.
Долниот дом на ирскиот парламент гласаше за одобрување на Харис, поранешен министер за високо образование за мандатар или премиер, со 88 гласа „за“ и 69 „за“.
Обраќајќи им се на пратениците по изборот за нов премиер, Харис рече:
„Денес ја прифаќам оваа нова улога во дух на понизност, подготвен за предизвикот и полн со енергија и одлучност за тоа што може да се постигне. Мојата порака е едноставна. Ќе работам секој ден на подобрување на животот на сите во оваа земја“.
TRT Balkan / агенции