Прва забрана за ДипСик поради загриженост за обработка на личните податоци на корисниците / Фото: AA

Италијанската Агенција за заштита на податоците (ГПДП) го блокираше пристапот до кинеската апликација за вештачка интелигенција (ВИ) „ДипСик“ (DeepSeek), со цел заштита на податоците на корисниците во земјата.

Регулаторното тело, исто така, им наложи на компаниите Хангжу ДипСик ВИ и Пекинг ДипСик ВИ, кои стојат зад услугата за јазичниот модел, веднаш да престанат да ги обработуваат податоците на италијанските корисници.

Одлуката беше донесена по процената на компаниите за тоа какви лични податоци собираат и која е правната основа за нивно собирање.

„Наредбата за ограничување – донесена за заштита на податоците на италијанските корисници – следува по денешната комуникација со компаниите, чија содржина беше оценета како целосно незадоволителна“, соопшти Агенцијата за заштита на податоците.

Покрај ограничувањето на обработката на податоци, ГПДП започна и формална истрага за кинеската технолошка стартап компанија „ДипСик“.

Овој потег е сличен на истрагата што ГПДП ја отвори во март 2023 година за американската компанија Опен АИ со нејзиниот „ЧетЏПТ“ (ChatGPT), кој исто така се соочи со привремени ограничувања поради слична загриженост за приватноста.

„ДипСик“ го претстави својот нискобуџетен, отворен модел ДипСик-Р1 на 20 јануари.

Моделот, развиен со помалку чипови, претставува предизвик за доминацијата на Западот во областа на вештачката интелигенција.

AA
Популарни