Градоначалникот на Катанија, Енрико Трантино, издаде наредба со која на луѓето им се забранува да користат јавен превоз 48 часа / Photo: AA

Откако синоќа еруптираше вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, еруптираше и Стромболи почнувајќи да исфрла пепел и лава.

Вулканската активност продолжи да се зголемува во последните неколку дена на островот Сицилија, а по Етна, каде што вчера се случи најголемата ерупција на лава и пепел, вулкански експлозии се случија и на Стромболи, уште еден активен вулкан на југот на Сицилија.

Вулканот на островот Стромболи, кој е дел од Еолскиот Архипелаг, почна интензивно да исфрла пепел и малку лава, а во морето паднаа и фрагменти од карпи и лава.

Во информациите што ги сподели Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија беше наведено дека пепелта исфрлена од вулканот Стромболи достигнала висина од приближно 2 километри.

Аеродромот во Катанија денеска е отворен, но со одредени ограничувања, откако летовите беа откажани во поголемиот дел од денот поради големото количество пепел на пистите поради ерупција на вулканот Етна.

Градоначалникот на Катанија, Енрико Трантино, издаде наредба со која на луѓето им се забранува да користат јавен превоз 48 часа, пренесе Анса.

Италијанскиот вулкански остров Стромболи и понатаму е под црвен аларм поради вулканска активност.

Управата за цивилна заштита им порача на жителите на Стромболи да ги слушаат апелите на локалните власти.

„Во моментов, вулканот на Стромболи е под посебен надзор“, рече министерот за цивилна заштита Нело Музумечи.

Тој, исто така, рече дека одделот за цивилна заштита ќе одржи состанок за да ја процени ситуацијата, додавајќи дека се проверува секој дел од планот за итна евакуација на островот.

AA
Популарни