Истовремено, во тек се уште 13 претреси на куќи по налог на судот во Болоња / Photo: AFP

Италијанската полиција денеска уапси 12 лица за време на операција на против супрематистичка и неонацистичка организација со кодно име „Верволф дивизија“.

Истовремено, во тек се уште 13 претреси на куќи по налог на судот во Болоња, пренесува Анса.

Обвиненијата против членовите на оваа организација вклучуваат здружување заради тероризам, пропаганда и поттикнување на кривични дела поради расна, етничка и верска дискриминација и недозволено поседување огнено оружје, наведува агенцијата.

Операцијата е координирана од Италијанската национална дирекција за борба против мафијата и тероризмот и Централната полициска управа за превенција ДЦПП.

TRT Balkan / агенции
Популарни