Италија: Зградата на Сенатот цел на еколошките активисти / Photo: Twitter/UltimaGenerazi1

Активистите на групата „Ultima generazione“ ja обоија во портокалова боја зградата на италијанскиот Сенат во Рим во понеделникот во обид да привлечат внимание на климатските промени.

На видеото што групата го сподели на Твитер се гледа како нејзините членови ја прскаат зградата со портокалова боја. Подоцна се гледа како полицајците доаѓаат на местото на настанот и интервенираат.

Групата на Твитер објави дека протестот е одржан како одговор на владините политики за нови активности за дупчење природен гас и повторното отворање на електрани на јаглен кои беа затворени. По протестот, групата на социјалните мрежи беше остро критикувана, а некои ја нарекоа и „вандалска“.

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци на Твитер напиша дека оние кои мислат да ја бранат животната средина со вандалски дејствија врз згради на институциите „малку разбираат“.

„Оние кои ги оправдуваат вандалите покажуваат дека разбираат уште помалку“, додаде Ренци. Одговарајќи на коментарот на Ренци, групата порача дека вандали се всушност оние кои учествуваат во проектите за фосилни горива.

TRT Balkan / агенции
Популарни