Израелската војска објави „аларм за воена состојба“, почнаа напади врз Газа / Photo: Reuters

Израелската војска по најновите случувања во Појасот Газа прогласи „аларм за воена состојба“.

Во соопштението се наведува дека ваквата состојба е прогласена поради „бројните напади од Газа во последниот еден час“.

Истиот извор информираше дека некои палестински групи влегле на територијата на Израел, во граничниот појас со Газа и дека таму се водат борби.

Израелската војска потоа соопшти дека започнала напади врз блокираниот Појас Газа.

Јоав Галант, израелскиот министер за одбрана одобри масовна мобилизација на резервните сили, објавија локалните медиуми.

Израелските власти информирале дека вооружени палестински групи влегле на територијата на Израел и ја зазеле полициската станица во градот Сдерот.

Военото крило Изедин Касам ма ХАМАС соопшти дека рано утринава е започната операција против Израел, лансирајќи повеќе илјади ракети од блокираниот Појас Газа. Операцијата е започната како одговор на израелските воздушни напади.

TRT Balkan / агенции
Популарни