Израелската армија извршила рација во Тубас и бегалскиот камп Ал-Фара и се судрила со Палестинците / Photo: AA

Израелската армија застрела тројца Палестинци во северниот дел на окупираниот Западен Брег, соопшти Министерството за здравство.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија извршила рација вчера во Тубас и бегалскиот камп Ал-Фара и се судрила со Палестинците.

Тројца Палестинци се ранети од израелските истрели во бегалскиот камп, соопшти Министерството.

Со ова бројот на убиени палестинци од нападите на израелските сили и доселениците на Западниот Брег од 7 октомври се искачи на 409, додека бројот на повредени над 4.600 повредени.

Тензиите низ Западниот Брег се зголемија откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни