Потегот следуваше откако опозицискиот лидер Бени Ганц ја напушти Владата / Фото: AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го распушти Воениот кабинет кој беше формиран на 11 октомври 2023 година откако Израел започна војна против Газа, објавија денес државните медиуми.

Според државната телевизија КАН, министерот за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, упатил силно барање да се вклучи во Кабинетот.

Потегот следуваше откако опозицискиот лидер Бени Ганц ја напушти Владата за вонредни состојби претходно овој месец по несогласувањата околу повоената стратегија за Појасот Газа.

Во него првично беа вклучени Нетанјаху, Ганц, министерот за одбрана Јоав Галант, Рон Дермер, Гади Ајзенкот и лидерот на партијата Шас, Арје Дери.

AA
Популарни