Израелските сили извршија напади на две куќи во Појасот Газа / Photo: AA

Најмалку четворица Палестинци, меѓу кои едно дете и една жена, загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа.

Палестинската агенција ВАФА јави дека израелската армија извршила воздушен напад врз две куќи во градот Деир ал Белах, кој се наоѓа во централниот дел на Појасот Газа.

Изворот јавува дека во тој напад загинале четири лица, меѓу кои едно дете и една жена, а неколку лица се ранети, меѓу кои и деца.

И покрај сите меѓународни реакции, Израел продолжува да цели кон цивили во Појасот Газа.

Во израелските напади од 7 октомври загинаа најмалку 37.765 Палестинци, меѓу кои најмалку 15.694 деца и 10.279 жени, а повредени се 86.429 луѓе во Појасот Газа.

AA
Популарни