Европската Унија донесе одлука да ги продолжи постоечките санкции кон Русија, рече Каја Калас високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ.
„Министрите за надворешни работи на ЕУ штотуку се согласија повторно да ги продолжат санкциите кон Русија“, рече Каја Калас на платформата X.
„Ова ќе продолжи да ја лишува Москва од приходите за финансирање на нејзината војна“.
„Русија треба да плати за штетата што ја предизвикува“, додаде таа.
27 земји членки донесоа согласност да се обновуваат санкциите на секои шест месеци и за што е потребно едногласносно мнозинство.
Минатиот месец, ЕУ го усвои 15-тиот пакет санкции против Русија од почетокот на војната против Украина која започна во февруари 2022 година.
AA