Невладините организации и погодените доставија многу документи и докази во рамките на член 15 од Римскиот статут, рече Кан / Photo: AA

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, изјави дека во последните 18 месеци судот собрал повеќе докази и информации отколку во 20 години од неговото формирање.

Говорејќи на 23. состанок на државите потписнички на Римскиот статут на МКС, Кан рече дека судот во последно време работи поинтензивно.

„Најмногу докази и документи во историјата на МКС пристигнаа до обвинителството во последните 12 месеци. Во последните 18 месеци се собрани повеќе докази отколку во претходните 20 години. Невладините организации и погодените доставија многу документи и докази во рамките на член 15 од Римскиот статут“, рече Кан.

Според главниот обвинител, работниот капацитет и брзината на судот се зголемени во последните години, па 18 од 30 сегашни налози за апсење се издадени во последните три години.

Истакнувајќи дека во последно време добиле многу истражни барања од земјите членки на МКС, Кан рече дека последното барање дошло минатата недела за злосторства врз жените во Авганистан.

„Законот треба да важи подеднакво за сите, заштитата што ја уживаат луѓето од едната страна на светот не се разликува од заштитата на другата страна. Ако работиме и дејствуваме заедно, може подобро да ги исполниме целта и должностите на судот дадени во Римскиот статут“, порача главниот обвинител Кан.

На состанокот на земјите членки се разговара за функционирањето, буџетот, административните прашања и принципите на работа на судот.

Состанокот се одржува во Конгресниот центар на Светскиот форум во Хаг од 2 до 7 декември.

СУдот пред десет дена издаде налози за апсење против израелскиот премиер Банјамин Нетанјаху и порашешниот министер за одбрана, Јоав Галант за злосторства поротив човештвото и воени злосторства.

TRT Balkan / агенции
Популарни