Канадерот што го гаснеше пожарот на грчкиот остров Евија се урна денес во градот Каристос, информираат локалните медиуми.
Канадерот го гаснел пожарот во селото Платанистос. Спасувачите се упатени во тоа подрачје.
Евија е втор по големина остров во Грција, по Крит.
Десетици големи шумски пожари со денови беснеат во Грција, вклучително и на островот Родос.
Трет топлотен бран ја зафати Грција, а температурите се движат и до 40 Целзиусови степени, објави денес дневниот весник „Катимерини“.
Повеќе од 20.000 луѓе, главно туристи, досега се евакуирани од Родос, соопштија официјални лица.
Грчката противпожарна служба соопшти дека денес островот Евија и неколку други региони, вклучително и Централна Атика, се соочуваат со екстремен ризик од пожар, а другите региони се под многу висок или висок ризик.