Кина го започна поморското тестирање на својот најголем носач на авиони

Кина го започна поморското тестирање на својот најголем носач на авиони

Тестирањето започнува речиси две години откако носачот на авиони беше првпат претставен во јуни 2022 година
Кина го започна поморското тестирање на својот најголем носач на авиони / Photo: AA

Кина денес го започна првото поморско тестирање на Фуџиан, нејзиниот „најнапреден и прв носач на авиони од домашно производство“, објавија државните медиуми.

Тестирањето започнува речиси две години откако носачот на авиони беше првпат претставен во јуни 2022 година, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Фуџиан, најголемиот брод на кинеската морнарица досега, е трет кинески носач на авиони по бродовите Лиаонинг и Шандонг.

Носачот тргна од бродоградилиштето Џиангнан во источен Шангај околу 8:00 часот (по локално време).

Тестирањата по зголемените тензии во Јужнокинеското Море „првенствено ќе ја тестираат сигурноста и стабилноста на погонските и електричните системи на носачот на авиони.

AA
Популарни