Кина: Повеќе од милијарда луѓе користат интернет     Фото: АА (Архива)

Кина, најголемото дигитално општество на светот, доби над 19 милиони нови корисници на интернет во текот на минатата година, па бројот на кинеските корисници на интернет до јуни 2022 година е зголемен на 1.051 милијарди, објавија државните кинески медиуми.

Според најновиот извештај на Кинескиот информатички центар за интернет мрежа, проширената 5Г мрежа во целата земја, која има околу 1,4 милијарди жители, придонесе кон зголемувањето на бројот на корисниците на интернет, објави
Глобал Тајмс (Global Times).

„Бројот на 5Г базирани станици ширум Кина е поголем од 1,85 милиони. Вкупната бројка на корисници од широкопојасниот пристап на интернет на трите големи телекомуникациски претпријатија изнесува 563 милиони, што е зголемување од 27,05 милиони во однос на крајот на 2021 година, се наведува во извештајот.

Се додава дека за интернет највеќе, 99,6 отсто, користат мобилни телефони. Од 2021 година, бројот на корисници на интернет во селата е зголемен за 1,2 отсто и изнесува 293 милиони.

TRT Balkan
Популарни