Кина забележа најголем пад на бројот на жители во последните шест децении / Photo: AA

Кина, најнаселената земја во светот, забележа негативен природен прираст во 2022 година, односно најголемо намалување на бројот на жители во последните повеќе од шест децении, покажуваат најновите статистички податоци.

До крајот на 2022 година бројот на жителите во Кина изнесуваше нешто повеќе од 1,411 милијарди, што е намалување од 850.000 во однос на крајот на 2021 година, се наведува во соопштението на Националното биро за статистика (НБС).

Во податоците не се вклучени жителите на Хонг Конг, Макао и Тајван, како ниту странците кои живеат во 31 кинеска провинција, автономните региони и општини.

Се наведува дека минатата година се регистрирани 9,56 милиони новородени, првпат од 1950 година, додека стапката на наталитетот падна на 6,77 родени на секои 1.000 луѓе. Тоа е најниска стапка од 1949 година.

„Луѓето не мораат премногу да бидат загрижени, бидејќи главното прашање е дали се компатибилни населението, демографската структура и индустрискиот систем“, рече директорот на НБС Канг Ји, одговарајќи на прашањето дали кинеското население ќе продолжи да бележи негативен природен прираст.

Како што предвидува, тој тренд ќе продолжи додека напоменува дека вкупната понуда на работната сила и понатаму е поголема од побарувачката.

„Намалувањето на кинеската популација во 2022 година воглавно е предизвикано со падот на бројот на новородени кој бил поврзан со намалувањето на волјата за раѓање деца, стапувањето во брак подоцна, раѓањето подоцна и намалувањето на бројот на жени во репродуктивниот период“, рече Канг Ји, пренесе „Шангај Дејли“ (Shanghai Daily).

Податоците на НБС покажуваат дека бројот на умрените во минатата година го надминал бројот на родените, што резултирало со намалување на вкупниот број жители од 1,412,6 милијарди во 2021 година на 1,411,8 милијарди минатата година.

TRT Balkan / агенции
Популарни