Кина започна нови воени вежби околу Тајван     Фото: АА 

Кинеската војска покрена воени вежби околу Тајван откако делегацијата на американските пратеници стигна во Тајван во ненајавена посета.

„Ова е чин на одвраќање кон САД и Тајван, кои ја саботираат стабилноста во мореусите“, го цитираше кинескиот весник Global Times, високиот полковник Ши Ји.

Ву Киан, портпарол на кинеското Министерство за одбрана, рече дека војската „ќе продолжи да ги обучува војниците и ќе се подготвува за војна“, за да одлучно го заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

„Одлучно ќе го срушат секој облик на обидот за „независност на Тајван“ на сеционистите или странското вмешување“, рече Ву, додавајќи дека патувањето на американските законодавци во Тајван очигледно го крши принипот на „Една Кина“.

Делегацијата на американските пратеници пристигна во неделата навечер во дводневна посета на Тајван која веројатно ќе предизвика додатна напнатост со Кина.

Делегацијата ја предводи сенаторот Ед Маркеј, а вклучува четири пратеници од Претставничкиот дом.

Тие во понеделник се состанаа со тајванската претседателка Цај Инг-вен а разговараа за соработката на подрачјето на безбедноста и ланците на снабдување. Се состанаа и со Џозеп Ву, тајванскиот министер за надворешни работи.

Пекинг, кој на Тајван гледа како на отцепена покраина, покрена големи воени вежби околу самоуправниот остров откако претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси беше во посета на Тајван на почетокот на месецот.

Кина донесе одлука за санкционирање на Пелоси и членовите на нејзиното семејство. Осум контрамерки кои Пекинг ги најави вклучувајќи откажување на телефонските повизи на воените функционери на САД и Кина, работниот состанок на кинеските и американските оддели за одбрана и суспензија на кинеско-американската соработка за илегални миграции, контрола на наркотици и климатските промени.

Пекинг ја санкционираше Агне Ваичиукевичиуте, заменик министерката на тајванскиот министер за сообраќај и комуникации, поради „провокативното“ неодамнешно патување во Тајван.

AA
Популарни