Од почетокот на мониторингот на м-покс во 2022 година до 31 јули оваа година потврдени се 102.977 случаи

Вакцината за м-покс на кинеската фармацевтска компанија Синофарм е одобрена за клинички испитувања, објавија кинеските медиуми.

Прототип вакцината доби одобрение од регулаторното тело за лекови за клинички испитувања на Кина, што ја претставува првата експериментална доза на Пекинг која ќе биде тестирана.

Светската здравствена организација (СЗО) во август ја прогласи епидемијата за вонредна состојба на јавното здравје, откако беше идентификувана новата варијанта „клад 1“ во африканските земји.

Повеќето од случаите се пријавени во источноафриканската држава ДР Конго, која забележа над 4.900 потврдени случаи на м-покс и повеќе од 620 смртни случаи од почетокот на оваа година.

Од почетокот на мониторингот на м-покс во 2022 година до 31 јули оваа година потврдени се 102.977 случаи, вклучувајќи 219 смртни случаи, кои се пријавени во 121 земја на глобално ниво, информира СЗО.

AA
Популарни