За првпат по пет години Јапонија го нема најмоќниот пасош на светот. Сингапурскиот пасош е оној на кој му се отворени најмногу врати ширум светот. Тој го зазема првото место на последното рангирање на The Henley Passport Index од крајот на јули. Од 227 дестинации ширум светот, носителите на сингапурски пасош можат без виза да патуваат во 192.
Три земји од ЕУ со помоќен пасош од Јапонија
На второто место со можност за патување без визи во 190 дестинации се најдоа пасошите на три држави членки на ЕУ, Германија, Италија и Шпанија.
Додека Јапонија го дели третото место со уште три држави. Со јапонски пасош може без виза да се патува на 189 дестинации во светот. Исто како и со пасошите на Австрија, Финска, Франција, Луксембург, Шведска и Јужна Кореја.
Кој е во првите пет?
На четвртото и петтото месо се наоѓаат вкупно 12 пасоши. На четвртото место се пасошите на четири држави. Тоа се Данска, Ирска, Велика Британија и Холандија. Со овие пасоши може да се патува без визи на 188 дестинации во светот.
Седум други пасоши можат да ве одведат без визи на 187 дестинации. Тоа се пасошите на Белгија, Чешка, Малта, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија и Швајцарија.
Каде може да се патува без виза со пасошите од регионот?
Од пасошите од земјите од регионот најдобро е рангиран српскиот пасош. Овој пасош овозможува патување без визи на 137 дестинации.
Потоа следува македонскиот пасош кој се наоѓа на 41 место. Со него без виза може да се патува на 125 дестинации. Веднаш по македонскиот пасош се наоѓа црногорскиот. На 42 место. И тој овозможува непречено патување на 124 дестинации.
Пасошот на Албанија е рангиран на 48 место. Носителите на албански пасош можат без визи да патуваат на 118 дестинации. Едно место подолу, односно на 49 позиција е пасошот на Босна и Херцеговина со можност за патување без визи на 117 дестинации. Пасошот на Косово е рангиран на 102 место. Со него без виза може да се патува на 41 дестинација.
Со пасошот на Авгаанистан на 27 дестинации
Од 199 пасоши кои се опфатени со анализата најслабо котира пасошот на Авганистан. Тој овозможува патување без виза единствено на 27 дестинации. Веднаш до него е пасошот на Ирак чии носители можат без визи да патуваат само на 29 дестинации.