Премиерот на Грузија Иракли Кобахидзе изјави дека владејачката партија Грузиски сон на изборите викендов освоила рекордни 1.200.000 гласови и оти грузискиот народ избрал „европска иднина“.
„Грузискиот народ го направи единствениот избор кој немаше алтернатива. Тие избраа мир и развој на земјата, нејзината светла, европска иднина“, рече Кобахидзе на прес-конференција.
Тој најави дека првата седница на парламентот ќе се одржи во нормален режим и дека ќе се формира влада и покрај тоа што опозицијата одбива да ги признае резултатите од гласањето.
Тој ги коментираше тврдењата на противниците за „украдени избори“ и истакна дека „едноставно им недостигало достоинство да прифатат нов пораз“.
„Сите овие години никогаш не можеа да ги прифатат резултатите од изборите, достоинствено да го прифатат својот пораз. Беа поразени по деветти пат. Секој обид за оспорување на уставниот систем е неприфатлив“, рече Кобахидзе.
Премиерот ја обвини опозицијата дека се спротивставува на уставниот поредок на земјата.
„Треба уште еднаш да се нагласи дека и во овој случај голем број невладини организации заедно со политички, радикални партии третпат во последните четири години се спротивставија на уставното уредување на оваа држава. Но ова е слаб обид. Тоа се очајни политичари, очајнички обид барем некако да се оправдаат пред сопствените гласачи“, рече Кобахидзе.
Тој ги опиша изборите како „мирни“, наведувајќи дека телевизиски екипи контролирани од опозицијата организирале провокации.
„На овие избори е решена судбината на мирот во Грузија, а „потрошувачи“ на мирот ќе бидат сите граѓани на Грузија, без исклучок“, рече грузискиот премиер.
Тој посочи дека Грузија во моментов нема дипломатски односи со Русија и не планира да ги обнови, но и дека нема сериозни односи со западните надворешнополитички актери.
На прашањето за можното обновување на односите меѓу Грузија и Руската Федерација, Кобахидзе одговори дека такви планови нема.
„Извинете. Не, не, не. Тоа го немаме во нашите планови, бидејќи 10 отсто од територијата (Абхазија и Јужна Осетија) е окупирана од Руската Федерација“, рече тој.
Опозициските партии и коалиции не ги признаваат резултатите од парламентарните избори во Грузија, кои се одржаа во саботата на 26 октомври, а најавија протестни собири и бојкот на парламентот.
Според податоците на Централната изборна комисија, заклучно со утрото на 27 октомври излезноста била 58,94 отсто, а по пребројувањето на гласовите од 99,3 отсто од избирачките места, водечката партија „Грузиски сон“ освоила 54.08 отсто од гласовите.
Опозицискиот блок „Коалиција за промени“ доби 10,9 отсто од гласовите.
Врз основа на овие податоци, владејачката партија Грузиски сон може да добие 61 мандат во новото свикување на парламентот, додека опозицијата заедно да добие 89 мандати и со тоа да постигне мнозинство.
Грузиската претседателка Саломе Зурабичвили, која ги застапува прозападните ставови, не ги призна резултатите од изборите, нарекувајќи ги „целосно фалсификување“ на гласовите и ги повика поддржувачите на опозицијата на протести.
Европската унија, загрижена за демократското назадување на Грузија и приближувањето кон Русија, привремено го прекина процесот на нејзино приближување.
Шефот на Европскиот совет на лидерите на ЕУ, Шарл Мишел, рече дека „наводните неправилности мора сериозно да се разјаснат и да се решат“ и повика на брза, транспарентна и независна истрага. кон ЕУ.
Во исто време, унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој често изразува пријателски односи со Тбилиси, беше меѓу првите што му честиташе на „Грузискиот сон“ за изборната победа и го најави своето доаѓање во Грузија во наредните денови.