Договорот треба финално да биде оодобрен од ММФ

Ќе бидат ли доволни 2,9 милијарди долари за Шри Ланка да закрепне од најголемата политичка и финансиска криза во која е западната по независноста од Велика Британија во 1948 година? Толку средства во прелиминарниот договор одобри Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за заем со 48 месечен аранжман во рамки на проширениот фонд.

Финансиската помош од меѓународниот заемодавач е условена со планот за реструктуирање на надворешниот долг на островската држава од 51 милијарда долари.

„Целите на новата програма на Шри Ланка поддржана од Фондот се обновување на макроекономската стабилност и одржливост на долгот”, се вели во соопштението од ММФ.

Договорот финално треба да биде одобрен од врвот на ММФ. Фондот ќе бара и финансиски гаранции од официјалните доверители на Шри Ланка и ќе работи во насока на постигнување договор со приватните кредитори.

Насочување на помошта

Со средставата од аранжманот со ММФ земјта ќе треба да ја почне фискалната консолидација. Да се воведат нови цени на горивото и електричната енергија, да се зголемат социјалните трошоци, да се зајакне автономијата на централната банка и да се обноват исцрпените девизни резерви на Шри Ланка.

„Почнувајќи од едно од најниските нивоа на приходи на светот програмата ќе спроведе даночни реформи. Овие реформи вклучуваат прогресивен персонален данок и проширување на даночната основа за данокот на добивка и ДДВ”, се истакнува во соопштението на ММФ.

Шри Ланка во континуитет се соочува со недостаток на гориво и основни добра. Инфлацијата е 65 проценти на годишно ниво.

Долг од 51 милијарда долари

Финансиската помош од меѓународниот заемодавач е условена со планот за реструктуирање на надворешниот долг на островската држава од 51 милијарда долари.

Јапонија исто така понуди да води разговори со другите главни доверители вклучувајќи ги Индија и Кина. Шри Ланка ќе треба да склучи договор и со меѓународните банки кои го поседуваат најголемиот дел од нејзините државни обврзници во износ од 19 милијарди долари.

Виновници за кризата

Граѓаните на 22 милионската Шри Ланка за кризата ги ја обвинуваат династијата Раџапакса. Таа владееше со државата повеќе 20 години. Популарноста ја стекнаа по завршувањето на граѓанската војна во Шри Ланка во 2009 година.

Револтот кон династијата Раџапакса резултира со масовни протести палење на претседателската палата и егзил на политичките лидери. Вршителот на должноста претседател на државата Ранил Викремесинге беше избран за претседател откако претходниот шеф на државата Готабаја Раџапакса избега од државата соочен со големиот револт на демонстрантите. Неговиот брат Махинда Раџапакса кој беше премиер поднесе оставка.

Шри Ланка освен со недостиг на гориво се соочува и со недостиг на храна, лекови, електрична енергија и девизни резерви, а училиштата беа затворени. Оваа држава главно се потпира на приходи од туризам.

Се смета дека меѓу главните причинители за финансиската криза во Шри Ланка е зголемувањето на јавниот долг и намалувањето на даноците што значело и помалку приходи за економијата. Цената ха храната почнала да расте откако била забранета употребата на хемското ѓубриво и требало да се преориентира на органското земјоделие.

TRT World
Популарни