Јужна Кореја во понеделникот ја продолжија истрагата за смртоносната авионска несреќа на јужнокорејскиот „Боинг 737-800“ на компанија „Џеџу Ер“ во неделата, во која загинаа 179 патници и членови на екипажот, фокусирајќи се на можен удар на птица.
Иако може да бидат потребни месеци за да се дешифрира рекордерот за податоци за летот, познат како „црна кутија“, кој беше оштетен во несреќата, иследниците се фокусираат на удари од птици на меѓународниот аеродром Муан, 288 километри југозападно од главниот град Сеул.
Аеродромот се наоѓа во близина на познато живеалиште на птици преселници во провинцијата Јужна Џеола, а нацијата на далечниот исток прогласи национална жалост, а речиси сите новогодишни настани се откажани.
Сите патници биле од Јужна Кореја, освен двајца од Тајланд, од каде што авионот полетал за Јужна Кореја.
Утврден е идентитетот на 141 жртва.
Патник и член на екипажот се спасени живи од опашката на авионот, која останала цела откако леталото удрило во ѕидот на аеродромот рано во неделата.
Тоа беше најсмртоносната авијациска несреќа во која учествуваше авион на домашната компанија во Јужна Кореја од 1997 година, кога се урна авион на „Корејски ер“ во Гуам, при што загинаа 225 лица.
Пилотот на „Џеџу Ер“ наводно, и рекол на контролата на летање дека патничкиот авион бил удрен од птица пред да се урне.
Исто така, беше објавено дека „само едно лице работело на должности за спречување на удар на птици“ кога се случила несреќата.
На јужнокорејските власти ќе им се придружи тим од Федералната управа за авијација на САД, како и претставници на Боинг, за да ја поддржат тековната истрага, објави Јонхап њуз.
Црната кутија може да биде испратена во САД на дешифрирање.
Додека првичната истрага е насочена кон дефектот на трите тркала, според дневниот весник „Кореа Хералд“, извештајот нарачан од владата во 2020 година „предупредуваза проблеми со удари од птици“ за меѓународниот аеродром Муан.
Постои „значителна опасност од удар на птици кога авион полетува или слета на аеродромот, се вели во извештајот, повикувајќи се на мерки за намалување на таквите ризици.
Во понеделникот, вториот лет на „Џеџу Ер“ се врати на аеродромот по полетувањето „поради истиот проблем со опремата за слетување“, а властите, исто така, наредија проверка на сите патнички авиони Боинг 737-800 што ги користаткомпаниите во земјата.