Над 40 луѓе загинаа откако пукна брана во округот Накуру во Кенија, информираат властите.
Гувернерката на областа Сузан Кихика изјави за Анадолу дека според првичните проценки по трагичниот инцидент, досега загинале над 40 луѓе.
Несреќата се случи во Маи Махиу, округот Накуру, кој се наоѓа на приближно 60 километри северозападно од главниот град Најроби.
Властите велат дека катастрофалниот настан се случил во понеделникот наутро по обилните дождови, предизвикувајќи наплив на вода што ги зафатил околните села и зад себе остави многу исчезнати и разурнати домови.
Спасувачките операции се во тек и покрај предизвиците што ги предизвикуваат постојаните обилни врнежи во регионот.
AA