Најмалку 21 лице загина, а околу 20 се повредениоткако автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запалил, соопштија локалните власти.
Автобусот излетал од патот и паднал во близина на железничка пруга во областа Местре, која е поврзана со Венеција со мост.
Причината за несреќата се уште не е утврдена. Официјални лица рекоа дека возилото паднало на далноводи и се запалило околу 19.45 часот. Автобусот превезувал туристи, меѓу кои имало Украинци, Французи и Германци.
„Привремениот извештај покажува дека најмалку 21 лице е мртво, а повеќе од 20 лица се хоспитализирани, од кои многу се во многу сериозна состојба“, рече Лука Заја, гувернер на регионот Венето, чиј главен град е Венеција, изразувајќи жалење за „трагедијата од огромни размери“.
Меѓу жртвите има украински туристи, како и Германци и Французи, пренесува АНСА. Меѓу повредените има тројца Украинци, Хрват, Германец и Французин. Во тек е идентификација на загинатите.
Во првите часови по трагедијата постоеше и теорија дека пред фаталното лизгање избувнал мал пожар во автобусот, што подоцна беше побиено со изјавите на патниците.
Анализата на снимките од надзорните камери и внатрешните камери на автобусите ќе бидат клучни во истрагата, пишува Кориере дела Сера.
И по извлекувањето на телата, пожарникарите неколку часа не можеле да го тргнат возилото бидејќи опасноста од нов пожар се уште била голема. Остатоците од автобусот беа отстранети пред зори во средата.
Според пожарникарите во Венеција, автобусот се „запалил“ откако паднал од надвозникот.
Според дневниот весник Кориере дела Сера, автобусот, кој сообраќал според предвидениот распоред, ја напуштил својата лентата на мостот, ја пробил безбедносната ограда и паднал од висина од околу десет метри во близина на железничките пруги.
Според министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси, „отежнувачки фактор бил метанот во возилото, па пожарот брзо се проширил.
„Бројот на загинати е трагичен и драматичен, но се плашам дека ќе расте“, изјави тој за јавната телевизија Раи1.